Екипата на Соколи лесно и убедливо стигна до осмата победа во второлигашката кошаркарска конкуренција. Штипскиот тим славеше на гостувањето во Скопје кај Партизан Водно Сан со убедливи 106-83.
Домашниот тим беше конкурентен само во првите пет минути кога водеше со 7-6, по што следуваше серија на гостинскиот тим од 14-0. Создадената предност Соколи само ја надградуваа го добија полувремето со 19. Второто полувреме беше само чиста формалност, а Соколи на крајот славеа со 23 поени разлика.
Со овој триумф штапските Соколи сега е осамени на врвот на табелата со бод повеќе од Ангели и Борец кои своите дуели од ова коло ќе ги играат утре.
За денеска закажани се уште два натпревари во Струга и Прилеп.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота 14 декември
ПАРТИЗАН ВОДНО САНС – СОКОЛИ 83-106
16.00 ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.30 МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ
Недела 15 декември
13.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – АКАДЕМИЈА ФМП
16,00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ГКК ОХРИД
16.00 БУТЕЛ – АНГЕЛИ
ТАБЕЛА: Соколи 18 бодови, Ангели 16, Борец баскет 16, Маџари 15, Црн Дрим 15, Охрид 14, Мега баскет 14, Бутел 13, МЗТ Скопје У.Б. 13, Работнички 2018 10, Партизан Водно Санс 11, Академија ФМП 10.