Кошаркарите на Работнички славеа победа над Гостивар со 77-76 во натпревар од 10.коло на Првата лига.
Последниот меч од денешната програма донесе најголема неизвесност. Двата тима добија по две четвртини, но Работички беше за поен подобар.
Откако во првиот период Гостиварци беа оние кои имаа контрола над резултатот, во наредните два домаќините го свртеа во своја полза, Имаше Работнички двоцифрена предност во најголемиот дел од натпреварот. Но во последните шест минути попушти, па му дозволи на Гостивар да дојде до -2 во завршната минута. Имаа гостите и шанса за израмнување или евентуална победа со тројка, но не ја искористија. Со двете реализирани слободни фрлања на Дамјан Робев, Работнички ја осигура победата. Тројката на Родис само ублажи поразот на гостиварци.
Полутак со 21 и Дубински со 19 поени беа најзаслужните за овој седми триумф на Работнички. Тимот од „Градски парк“ е четврти со 17 бодови како МЗТ Скопје и Пелистер кои се пред Работнички. Трите екипи заостануваат две победи зад лидерот ТФТ, а сите денеска забележаа победи.
Промена на табелата сигурно ќе има бидејќи утре својот дуел од ова коло го игра Чаир против МКК Куманово, а чаирчани имаат една победа повеќе од конкурентите.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 77-76
ТФТ – ТИКВЕШ 90-86
МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС 92-63
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 59-90
ШКУПИ – КОЖУВ 68-81
Недела
19:00 ЧАИР – МКК КУМАНОВО
ТАБЕЛА: ТФТ 19 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 17, Пелистер 17, Работнички 17, Чаир 16 (-1), Кожув 16, МКК Куманово 14 (-1), Тиквеш 13, Гостивар 13, Шкупи 13, Феникс 12, Вардар 10.