Во првите два натпревари од 6.коло во Лигата на шампионите беше постигнат само еден гол.

На дуелот во Шпанија екипата на Ливерпул славеше со 1-0 против Џирона. Стрелец на единствениот гол беше Мо Салах од пенал во 63-тата минута. За шпанската екипа не настапи македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој поради повреда го чека подолга пауза.

Ливерпул го задржа максималниот ефект и сега има шест победи на исто толку одиграни натпревари, па разбирливо е на врвот на табелата. Џирона по петтиот пораз, засега останува на 30-тото место.

Во Загреб, Динамо и Селтик одиграа без голови 0-0. Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми не беше во составот на Динамо поради повреда. Шкотскиот тим е 17-ти со 9 бодови, еден повеќе од Динамо кој моментно е на 21.место.

Вечерва од 21 часот ќе се играат уште седум натпревари. Дерби дуелите се во Бергамо и Леверкузен.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 6.КОЛО
ДИНАМО З. – СЕЛТИК 0-0
ЏИРОНА – ЛИВЕРПУЛ 0-1
АТАЛАНТА – РЕАЛ МАДРИД од 21 часот
БАЕР Л. – ИНТЕР
БРЕСТ – ПСВ
КЛУБ БРИЖ – СПОРТИНГ Л.
ЛАЈПЦИГ – АСТОН ВИЛА
САЛЦБУРГ – ПСЖ
ШАХТЈОР – БАЕРН М.