Првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, ќе заврши денеска со дуелите од 18-тото коло.
Во трката за така-наречениот примат „есенски шампион“ се четири екипи, а најблиско до него е Шкендија.
Тетовци во ова коло влегуваат со два бода повеќе во однос на конкурентите, Силекс, Гостивар и Работнички.
Токму настапот на Шкендија е еден од трите ќе решава, кој тим ќе презими на првата позиција. Во дуелот да ја одбрани таа позиција тетовци пред своите симпатизер ќе го пречекаат трето рангираниот тим на Гостивар.
Исходот од овој натпревар ќе го чека тимот на Силекс кој е второ пласиран со ист број на бодови како Гостивар и Работнички.
Кратовци ќе го пречека Вардар, во дуелот што некогаш беше големо дерби, а сега дуел на двата тима со различни амбиции. Домаќините во трка за врвот, а Вардар во бегство од дното на табелата. Бодовите секако се важни за двата тима, па се очекува интересен натпревар.
И Работнички кој долго време беше непоразен и лидер на табелата, сега како четврто пласиран чека „кикс“ на конкурентите. „Романтичарите“ на свој терен ја затвораат полусезоната со дуелот против битолски Пелистер.
Актуелниот шампион Струга ТЛ во „езерското дерби“ го пречекува охридскиот тим Воска Спорт.
Тиквеш кој е на дното на табелата, а се нема израдувано на победа уште од август месец ќе игра со струмичката АП Брера. Во последниот натпревар во Гостивар кај Беса гостува екипата на Шкупи.
Сите натпревари ќе почнат од 13 часот, а можете да ги гледате на едно место во ЖИВО ОВДЕ.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 18.КОЛО (13 часот)
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
СИЛЕКС – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА Т.Л. – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
БЕСА – ШКУПИ