Ландо Норис од Мекларен славеше на последната Ф1 трка во 2024 година што се возеше за ГН на Абу Даби.
Британецот стартуваше од пол-позицијата и со маестрално возење по четврти пат оваа година се искачи на врвот на подиумот на една Ф1 трка.
Карлос Сајнц и Шарл Леклерк од Ферари не можеа да го следат неговото темпо и завршија на второто и третото место.
Со оваа победа на Ландо, тимот на Мекларен по долги години чекање конечно стигна до титулата шампион кај конструкторите.
Британскиот тим чекаше дури 26 години уште од времето на неприкосновениот Мика Хакинен да стигна до титулата.
Четврттото место го освои Хамилтон кој во последниот круг го мина својот клубски колега Џорџ Расел и на тој начин ја заврши својата ера во тимот на Мерцедес.
Бодови освоија уште и Верстапен, Гасли, Хулкенберг, Алонсо и Пијастри.
Норис на крајот во поредокот заврши како втор со 374 бода, Леклерк е трет со 356, Пјастри е четвртти со 292 бода, а петти е Саинц со 290 бода.
Новата 2025-та сезона во Ф1 ќе започне во март за ГН на Австралија во Мелбурн.
The crowning moment 🧡#F1 #AbuDhabiGP @McLarenF1 pic.twitter.com/41SlIlDtti
— Formula 1 (@F1) December 8, 2024
"I love you guys. I really, really do"
— Formula 1 (@F1) December 8, 2024
Lewis signs off his time with Mercedes in style#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/VhGfFcUASd
Tasty donuts from Lewis 😋#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/A2WX8gwGbc
— Formula 1 (@F1) December 8, 2024