Два натпревари денеска ќе се играат во Првата машка кошаркарска лига со кои ќе биде комплетирано деветтото коло.

Дербито ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде Пелистер ќе го пречека составот на Чаир.

Во ситуација кога пелистерци ги загубија шансите за пласман во плејофот на регионалната АБА2 лига, сега битолчани комплетно ќе се насочат кон домашните обврски.

Двата тима влегуваат со дијаметрално спротивен ефект во изминатиот период. Пелистерци се во низа од четири порази, а чаирчани на четири победи. Скопската екипа игра одлично, па на последните осум натпревари има само еден пораз. Затоа Чаир пред оваа рунда беше на врвот на табелата, а може пак таму доколку победи и денеска.

Пелистер во моментов е седми, а со победа може да прогресира за две позиции и да се Работички и МЗТ Скопје кои во оваа рунда загубија.

Дербито во Битола ќе почне во терминот од 18.30 часот.

Половина час порано ќе почне натпреварот во Кавадарци каде Тиквеш ќе го пречека Вардар. Тоа е натпревар на двете последно пласирани екипи на табелата. Вардарци досега се немаат израдувано на победи, а кавадарчани ги загубија последните три натпревари. Со евентуален триумф Тиквеш би бил осми со ист број на бодови како Кожув и Шкупи.

Двата натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ)  –   9.КОЛО

Недела
18.00 ТИКВЕШ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР
Сабота
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75:70
ГОСТИВАР – ШКУПИ 79:65
МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 85:83
КОЖУВ – ФЕНИКС 86:73