Тимот на Далас ја продолжија победничката серија и стигнаа до седмиот последователен во Торонто кај „Репторс“. Далас победи со 125:118, а Лука Дончиќ повторно испиша историја.

Словенечкиот кошаркар одигра брилијантна партија, остварувајќи трипл-дабл учинок со 30 поени, 13 скока и 11 асистенции.

За Дончиќ тоа беше 79-тиот троен ефект во кариерата, со што ги мина Вилт Чембрлен и Џејмс Харден на вечната листа на „трипл-дабл“ учиноци.

Од активните играчи пред Дончиќ се само Леброн Џејмс со 119 и Никола Јокиќ со 139 вакви остварувања.