Петте денешни натпревари од 9.коло во Првата кошаркарска лига минаа во знакот на домашните екипи. На сите натпревари победи остварија екипите кои ја имаа улогата на домаќини.

Се започна до триумфот на ТФТ над МЗТ Скопје Аеродром. Продолжија кошаркарите на Гостивар кои го надиграа Шкупи. Во Гевгелија, немаше дилеми околу победата на Кожув против Феникс.

Најинтересно беше во Куманово, каде Работнички можеше да ја спаси честа на гостите. Црвените имаа поен предност и две слободни фрлања кои Ѓуровски не ги реализира. Тогаш на сцена стапи Урош Луковиќ погоди тројка, практично од под сопствениот кош, за победа на кумановци.

За утре закажани се два натпревари, првиот во Кавадарци каде Кожув ќе го пречека Варда, а вториот, дербито во Битола во кое Пелистер е домаќин на Чаир.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО

Сабота
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75:70
ГОСТИВАР – ШКУПИ 79:65
МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 85:83
КОЖУВ – ФЕНИКС 86:73
Недела
18.00 ТИКВЕШ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР