Натпреварувачката полусезона во мак-фудбалот завршува во недела со дуелите од 18 коло во Првата лига. Сепак, последна активност во оваа календарска година, ќе биде ждрепката за Купот на Македонија.
Комисијата за натпреварување при ФФМ за во вторник (10 декември) во 15 часот во “Куќа на фудбалот”, го закажа извлекувањето на двојките за четврфиналето.
Осумте тимовите кои изборија пласман за оваа фаза се: Вардар, АП Брера, Шкендија, Струга ТЛ, Арсими, Детонит Плачковица, Силекс и Гостивар.
Во четвртфиналето ќе се игра еден натпревар. Според календарот, на програмата ќе биде на 26 февруари 2025 година од 14 часот.