Ракометарите на Алкалоид добија противник по мерка во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка одржана во Виена, тимот на Алкалоид за противник ја доби италијанската екипа Бриксен.
Составот од Автокоманда ќе има голема шанса да се вброи меѓу осумте најдобри, односно четвртфиналето на ова натпреварување.
Алкалоид во првите две фази славеше четири убедливи победи над литванската екипа Драгунас, а потоа и австрискиот тим Вест Виена. Сите четири натпревари, Алкалоид ги одигра на домашен терен.
Според ждрепката сега првиот меч би требало да се игра во Италија на 15 или 16 февруари, а реваншот седум дена подоцна цо Скопје (22/25 февруари 2025 година).