Македонскиот ракометен шампион вечерва (20:45 часот) во Битола ја пречекува екипата од Полска Висла. Ова може да биде еден од клучните дуели за тоа дали битолчани ќе успеат да се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Двете екипи имаат по четири бодови, а натпреварот од 10.коло може да биде и клучен за пласман во првите шест и продолжување на натпреварите во Лигата на шампионите.

Освоените четири бодови многу ни значат, иако можевме да имаме и некој бод повеќе. Висла е квалитетен ривал и нема да биде ни малку лесно, иако играме на домашен терен. Победата во Данска ни даде „ветар“ во грб, изјави голманот на Еурофарм Пелистер Филип Ивиќ.

Неколку натпревари на клупата на битолчани се доволни за Раул Алонсо да ја види ситуацијата.

За нас е најважно да го дадеме максимумот, да се обидеме да ги победиме пред нашите навивачи. Се подготвуваме на ист начин како на претходните натпревари, работиме на детали, но пристапот и почетокот на натпреварот ќе ни биде многу значаен“, рече тренерот на Еурофарм Пелистер, изјави тренерот на битолчани.

Висла по девет одиграни натпревари се наоѓа на шестото место на табелата во групата А со четири бодови, додека Е.Пелистер е седми исто така со четири бодови.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Висла почнува во 20:45 часот