Екипата на Работички и по петтиот одигран натпревар во АБА2 лигата не знае за победа.
Вечерва на гостувањето во Никшиќ кај Сутјеска, тимот на Работнички загуби со 94-75.
Само две четвртини Работнички беше рамноправен противник, а на пауза замина со четири негатива (49-45). Веќе во третиот период беше јасно дека црвените немаат сили да му се спротивстават на расположениот домаќин. Како одминуваа минутите, така разликата се зголемуваше, па на крајот Сутјеска славеше со +19 (94-75).
Работнички сугурно е последен во „Б“ групата во која не успеа да оствари ниту еден триумф. За да ја спаси својата чест, тимот од некогашен „Градски парк“ ќе мора да слави во последниот натпревар против Војводина закажан за 18 декември во Скопје.
Утре своите натпревари од ова коло ќе ги играат Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром. Двата македонски тима ќе гостуваат и тоа пелистерци кај Широки од 18 часот, а МЗТ во Тиват против Теодо од 20 часот.