Два натпревари вечерва ќе се играат во рамките 8.коло на Првата машка кошаркарска лига.

Дербито е закажано во СЦ „кале“ во Скопје, каде кошаркарите на Работнички ќе го пречекаат вицепрвакот Пелистер. Тоа е и дуел на два од трите македонски претставници во регионалната АБА2 лигата.

Иако се судруваат со големи проблеми и се самофинансираат, играчите на Работнички ќе се обидат кризата да ја надминат со победа. Нема да им биде лесно на избраниците на Горан Самарџиев бидејќи пред себе имаат сериозен тим кој знае што сака. Пелистер ги доби последните две соочувања, но и зелено белите играат променливо.

Кој тим повеќе ја искористи репрезентативната пауза ќе видиме во дуелот што ќе почне од 19 часот.

Во истиот термин екипата на Чаир го пречекува кавадаречки Тиквеш.

Доколку чаирчани ја искористат предноста на домашниот терен повторно ќе се вратат на врвот на табелата каде сега е ТФТ, а зад нив е МЗТ Скопје. На кавадарчани ќе им биде „пеколно“ тешко да ја прекинат низата на порази на теренот на кој Чаир нема загубено сезонава.

Двата натпревари може да го гледате, истовремено, ВО ЖИВО ОВДЕ.