Ракометарите на Алкалоид и по втор пат беа подобри од австриската екипа Вест Виена. Со четвртатата победа, во исто толку одиграни натпревари, Алкалоид го потврди својот пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

За разлика од вчера кога славеа со 11 разлика, денеска во реваншот што повторно се одигра во Автокоманда, избраниците на Лазаров славеа со три (32-29).

Александар Петковски и Мартин Серафимов со по седум постигнати голови беа најефикасните ракометарки во македонската екипа.

Сега Алкалоид ќе ја чека ждрепката во закажана за понеделник (3 декември), по која ќе го дознае противникот за осминафиналето.

Натпреварите од осминафиналната рунда ќе се играат следната 2025-та година. Првите на програмата ќе бидат на 15 и 16 февруари, а реваншите седум дена подоцна 22 и 23 февруари 2025 година.