Се одиграа првите три натпревари на Европскиот шампионат за ракометарки.

Во група „А“ во која настапува и репрезентацијата на Македонија, ракометарките на Унгарија славеа очекувано против Турција. На ко-домаќинките на првенството им требаа 15-тина минути да влезат во ритам и да го исконтролираат резултатот. На полувремето заминаа со 5 голови разлика, а во второто имаа и најголеми +9. Сепак на крајот Унгарија славеше со шест разлика 30-24.

Против овие две селекции допрва македонските ракометарки ќе играат натпреварите од групата чиј домаќин е градот Дебрецен.

Вечерва пак од 20.30 часот, Македонија за противник ќе ја има фаворизираната Шведска.

Во другарите групи. Шпанија со истиот резултат 30-24 ја победи Португалија, а Австрија, која исто така е домаќин на првенството, славеше над Словачка со 37-24.