Во воведните два натпревари од 5.коло на Лигата на шампионите, одиграни попладнево, победи забележаа гостинските екипи.
На дуелот во Братислава, италијанскиот Милан во вториот дел го скрши отпорот на домаќинот Слован кого го совлада со 3-2.
Во првиот дел резултатот беше израмнет 1-1, откако Милан поведе преку Пулишич (21), а израмни Берсегјан (24). Во вториот дел два гола на гостите за само три минути игра, Леао во 68-та повторно му донесе водство на Милан со 2-1, а Абрахам (71) зголеми на 3-1. Но тоа не беше и конечен резултат, бидејќи Марцелин постоигна еврогол и намали на 2-3. Немаше време за Слован да го избегне петтиот пораз, па Милан ја запиша трета победа.
До трет триумф стигнаа и фудбалерите на Атлетико Мадрид кои во Прага ја совладаа Спарта со 6-0.
Стрелец на два гола беше Алварез во 15-тата и 59-тата минута. Во листата на стрелци се впишаа и Љоренте (43), Гризман (70) и Кореа со два гола (85 и 89).
Во терминот од 21 часот ќе стартуваат нови седум натпревари, а дербито е во Минхен каде Баерн го пречекува ПСЖ.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5.КОЛО
БАЕРН МИНХЕН – ПСЖ (од 21 часот)
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АРСЕНАЛ
ИНТЕР – РБ ЛАЈПЦИГ ЕЛМАС повреден
БАРСЕЛОНА – БРЕСТ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – САЛЦБУРГ
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ФЕЕНОРД
ЈАНГ БОЈС – АТАЛАНТА
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – МИЛАН 2-3
СПАРТА ПРАГА – АТЛЕТИКО МАДРИД 0-5