Со седумте одиграни натпревари вечерва, заокружен е првиот дел од 5.коло во фудбалската Лига на шампони.
На дербито во Минхен, тимот на Баерн минимално со 1-0 го победи ПСЖ. Стрелец на единствениот гол беше Кореецот, Ким Нин Јае во 38-та минута.
На останатите натпревари, фаворитите ги оправдаа улогите и славеа победи. Убедливи беа англискиот и германскиот првак.
Пет гола беа постигнати и во Леверкузен каде Баер го надигра Салцбург. Таму Вирц беше стрелец на два, а по еден постигнаа Грималдо, Шик и Гарсија.
Рутинска победа забележа Барселона во дуелот со најпријатното изненадување досега тимот на Брест. Роберт Левандовски со два гола и Дани Олмо ја донесоа четвртата победа на Барса која сега е на второто место на табелата.
Прв е Интер кој до четвртиот триумф стигна со минималната победа над Лајпциг и тоа благодарение на автоголот на Лукеба (11).
Убедливи победи со пет, односно шест постигнати голови на гостински терен остварија Арсенал и Аталанта. Манчестер Сити имаше водство од 3-0, но одигра без победник со Феенорд.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5.КОЛО
БАЕРН МИНХЕН – ПСЖ 1-0
ИНТЕР – РБ ЛАЈПЦИГ 1-0
БАРСЕЛОНА – БРЕСТ 3-0
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – САЛЦБУРГ 5-0
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ФЕЕНОРД 3-3
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АРСЕНАЛ 1-5
ЈАНГ БОЈС – АТАЛАНТА 1-5
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – МИЛАН 2-3
СПАРТА ПРАГА – АТЛЕТИКО МАДРИД 0-6