Фудбалската Лига на шампиони стигна на петата рунда која носи повеќе интересни дуели. Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Братислава и Прага каде ќе гостуваат Милан и Атлетико Мадрид.
Вечерниот термин е резервиран за дербито во Минхен кад Баерн го пречекува ПСЖ. Интересно се очекува да биде и во Лисабон бидејќи кај второ рангираниот Спортинг гостува англискиот Арсенал.
Тимот на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, германскиот Лајпциг ќе има тешко гостување кај италијанскиот првак Интер.
Барселона, Баер и Манчестер Сити ќе ја имаат улогата на фаворити во дуелите што ќе ги играат пред домашните навивачи.
Барса го пречекува изненадувањето Брест кој е четврти на табелата. Леверкузен ќе биде домаќин на Салцбург, а во Манчестер гостува Феенорд.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5.КОЛО
вторник
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – МИЛАН (од 18.45 часот)
СПАРТА ПРАГА – АТЛЕТИКО МАДРИД
БАЕРН МИНХЕН – ПСЖ (од 21 часот)
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АРСЕНАЛ
ИНТЕР – РБ ЛАЈПЦИГ
БАРСЕЛОНА – БРЕСТ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – САЛЦБУРГ
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ФЕЕНОРД
ЈАНГ БОЈС – АТАЛАНТА