Осум натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата, а нив индивидуално ги одбележа Јанис Антетокумпо.

Гркот постигна 41 поени на кои додаде 9 скокови и осум асистенции, во победата на Милвоки над Чикаго со 122-106. Ветеранот Брук Лопез заврши со 21 поен, а Демјан Лилард имаше 20 поени и 10 асистенции. Кај гостите Зек Лавин постигна 27 поени, а Никола Вучевиќ 15, по шест скока и асистенција.

Откако вчера го претрпе првиот пораз сезонава, тимот на Кливленд брзо се рехабилитира. „Кавалирс“ пред своите симпатизери стигнаа до 16-тата победа совладувајќи го Њу Орлеанс со 128-100. Тај Џером имаше шутерска вечер реализирајќи седум тројки и вкупно 29 поени.

Победни забележаа и двата најдобри тима во Западната конференција.

Голден Стејт славеше над со 120-97 дуел во кој Ендрју Вигинс реализира 27, а Стеф Кари 23 поени. За „Воините“ тоа беше 11-тата победа, а до дванаесеттата стигна Оклахома. „Тандерси пред својата публика го совлада Портланд со 109-99.

До овој триумф ги предводеа Вилијамс со 30 поени (8 асистенции и 7 скокови) и Џулиус-Александер со 29 поени (5 скока и 4 асистенции).

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Хјустон – Индијана 130-113, Мемфис – Филаделфија 117-111, Феникс – Њујорк 122-138 и ЛА Клиперс – Орландо 104-93.