Изминатата вечер во НБА лигата мина во знакот на двајца кошаркар, Јанис Антетокумпо и Виктор Вембањама.

Гркот постигна 59 поени во победата на Милвоки по продолжение над Детроит со 127-120. Уште во првата четвртина Јанис најави дека тоа ќе биде негова вечер. „Пистонси“ го добија првиот период со 24-22, а Антекомумпо постигна 20 поени за „Бакс“. Покрај 59-те поени, Гркот додаде 14 скока и 7 асистенции. 

И младиот Виктор Вембањама броеше до 50.

Тој го предводеше Сан Антониот во победата од 139-130 над Вашингтон. 20-годишниот Французин погоди 8 тројки од 16 обиди. Вембанјама стана само петтиот кошаркар во историјата на НБА кој стигнал до 50 поени до 20-годишна возраст.