Одбојкарките на македонскиот шампион Работнички го завршија својот настап на европската сцена. Откако беше елиминирани од Лигата на шампионите, тимот на Работнички е елиминиран и од ЦЕВ купот.

И во реванш натпревар од 1/16-финалето одигран вечерва во Скопје, одбојкарките на Работнички загубија од екипа Алба Блаж. Романскиот состав мечот го реши во своја полза по три одиграни сета 0:3.

Иако македонските шампионки добро го почнаа мечот и беа рамноправни на стартот, во продолжението гостинките доминираа. Го добија првиот сет со 25-14. Во вториот и третиот сет, му препуштија по 11 поени на Работнички (25-11 и 25-11).

Така Македонија остана без свој претставник во европските одбојкарски купови. Пред одбојкарките на Работнички, својот настап, на речиси идентичен начин, го заврши и шампионот во машка конкуренција тимот на Струмица.