Во претпоследниот натпревар од 6.коло на Првата машка лига, вистинска „драма“ се случуваше во СЦ „Јане Сандански“. Таа заврши со среќен крај за домашниот состав на МЗТ Скопје кој по продолжение го победи Гостивар со 96-90.
Израмнет натпревара играа овие две екипи, иако првата четвртина не го навестуваше тоа, Ја добија аеродромци со девет разлика 19-10, но на одмор меѓу двете полувремиња заминаа со +5 (37-32).
Во второто полувреме имаше МЗТ и +13, но се доведе во ситуација да се спасува. Успеаја гостите од Гостивар да ја надополнат негативата, а со тројката на Американецот, Роудс и да израмнат со звукот на сирената *85-85). Немаа сили за комплетен пресврт во продолжението, па искусните кошаркари на МЗТ го приведоа мечот во своја полза. На крајот МЗТ Скопје славеше со 96-90.
Копривица со 20 поени беше прв стрелец кај победничката екипа за која Војдан Стојановски постигна 12, а Баковиќ и Слај по 11.
На другата страна, четворица играчи беа двоцифрени. Ги предводеше Родес со 24 поени, Митевски имаше 22, Грушановиќ постигна 21, а Соколов додаде 12.поени.
За МЗТ Скопје ова е четврта победа, а за Гостивар четврти пораз.
Колото че биде комплетирано утре со дуелот Работнички – ТФТ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Недела (10.11)
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 96-90
Понеделник (11.11)
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТФТ
Петок (08.11)
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 110-93
Сабота (09.11)
ЧАИР – ВАРДАР 104-80
КОЖУВ – МКК КУМАНОВО 82-74
ШКУПИ – ТИКВЕШ 84-82
ТАБЕЛА: Чаир 11 бодови, Пелистер 11, ТФТ 10 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 10, Работнички 9 (-1), Кожув 9, Гостивар 9, Тиквеш 8, МКК Куманово 8, Шкупи 8, Феникс 7, Вардар 6.