Ноќеска во НБА се одиграа четири натпревари. Тимот на Кливленд ја продолжи победничката серија од стартот на новата сезона па „Кавалирс“ сега имаат „скор“ 11-0.
Последен на „менито“ на Кливленд беше тимот на Бруклин кој загуби со 105:100. Изгледаше дека Бруклин е подготвен да стави крај на серијата на „Кавс“. Гостите на на стартот на последниот период водеа со 13 поени разлика, но тука застанаа.
Кливленд со серија од 10-0 стигна до израмнување. Донован Мичел со две слободни фрлања на 16 секунди до крајот за да ја запечати победата. Мичел натпреварот го заврши 20 поени, а Еван Мобли 23 поени и 16 скока.
Неизвесен натпревар одиграа Сан Антонио и Јута. Победата им припадна на „Џезерите“ кои се последно пласиран тим. Се играше тесно во текот на целиот натпревар.
Во последната минута се влезе со еден поен предност. Колин Секстон во последните 12 секунди и донесе победа на Јута со 111:110. Тој заврши со 23 поени, а Лаури Марканен постигна 20 со шест скока. На друга страна, бадијала останаа 24 поени, 16 скока и седум блокади на Виктор Вембањама.
И во Лос Анџелес победникот беше решен во самиот финиш. Таму се радуваа „Клиперси“ кои со 105-103 го победија Торонто со 105:103. „Репторс“ имаа напад за израмнување на 12 секунди до крајот, но не го искористија.
Џејмс Харден натпреварот го заврши со 24 поени (2 скока и седум асистенции), а исто толку поени имаше и Пауел. Нов дабл-дабл учинок оствари Ивица Зубац со 14 поени и 12 скока.
Атланта иако три четвртини водеше, не успеа да го совладаат Чикаго. „Булс“ на крајот свртеа натпреварот во своја полза и славеа со 125:113. Две серии во последниот дел од 12-0 и 12-2 беа клучни.
Дури осум играчи на Чикаго постигнаа двоцифрен број на поени. Најдобар беше Ајо Досунму со 19 поени, а Црногорецот Никола Вучевиќ заврши со двоен ефект со 18 поени и 12 скока.