Дерби дуелот од 5.коло во Првата машка одбојкарска лига на Македонија ќе се игра вечерва во Штип. Тоа ќе биде практично реприза на двете ласни финалиња во Купот и првенството.
Во него, домашниот состав на УГД Штип ќе го предизвика актуелниот шампион Струмица.
Во досегашниот тек од првенството двата тима досега се не поразени, па јасно дека еден од нив ќе мора да го претрпе првиот. Штипјани заедно со Борец имаат по максимални четири победи, а веднаш зад нив е шампионот Струмица со три, но и натпревар помалку.
Велешани пак во ова коло не би требало да имаат проблеми да стигнат до петата победа бидејќи се домаќини на Лирија која има три порази.
Натпреварите во Штип и Велес ќе почнат од 18 часот, а денеска ќе се играат и останатите средни од оваа рунда.
ПРВА ЛИГА МАЖИ – 5.КОЛО
сабота
18.00 ШТИП УГД – СТРУМИЦА
18.00 БОРЕЦ – ЛИРИЈА
18.00 ВЕСНА ПРОБИШТИП – ЈАНТА ВОЛЕЈ
18.00 СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
19.30 МАКЕДОНИЈА ЏИО – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО
17.30 СУШЕВО – ШКЕДНИЈА
слободна во ова коло е екипата на Вардар