Кошаркарите на Пелистер и Феникс со денешниот натпревар го отвораат 6.коло во прволигашката конкуренција.
Иако ќе играта пред празни трибини од таборот на битолчани велат дека целта е триумф со кој ќе се продолжи трката за највисок пласман.
„Играме против ривал кој не ја почна сезоната како што очекуваше.
Пред нивниот последен меч ги напуштија двајца кошаркари и тоа им го наруши ритамот, но тоа воопшто не значи дека Феникс ќе биде наивен противник и дека ние лесно ќе стигнеме до победата.
Ниту еден ривал не смее да биде потценет, наша цел е да одиграме на високо ниво во текот на сите 40 минути и уште повеќе да ја кренеме формата пред наредните предизвици“,
вели тренерот Александар Петровиќ.
Добра вест за тимот е што Андрија Бојиќ се рехабилитираше од повредата и се приклучи на тренинзите на зелено-белите.
„Бојиќ е важен играч во нашиот тим и неговото отсуство остави трага врз играта и резултатите изминатиот период.
Цел месец беше во аут и секако дека беше одлично што вчера почна да тренира со остатокот од тимот.
Паузата го има сторено своето, јасно е дека ќе му треба време, но за нас е многу важно што Бојиќ ќе биде тука за да има своја улога на наредните натпревари“, истакнува Петровиќ.
Натпреварот што ќе се игра во Битола, а ќе почне од 17.30 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).