Четиридневната програма во Првата машка кошаркарска лига започнува денеска, а ќе трае се до понеделник. Екипите на Пелистер и Феникс со дуелот што ќе се игра попладнево го отвораат шестото коло.
Во договор на двата тима овој натпревар ќе се игра во Битола, но пред празни трибини, откако КФМ изрече казни на битолчани по дуелот со Кожув. Воедно натпреварот се игра порано како пелистерци би имале време да се подготват за дуелот во АБА2 лигата и гостувањето кај тимот на Џокер во вторник.
Дуелите од АБА2 лигата се и причината поради која МЗТ Скопје Аеродром и Работнички своите натпревари ќе ги играат во недела и понеделник.
Останатите три натпревари ќе се играат утре.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Петок (08.11)
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС
Сабота (09.11)
13.30 ШКУПИ – ТИКВЕШ
19.00 КОЖУВ – МКК КУМАНОВО
19.00 ЧАИР – ВАРДАР
Недела (10.11)
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР
Понеделник (11.11)
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТФТ
ТАБЕЛА: ТФТ 10 бодови, Чаир 9, Работнички 9, Пелистер 9, МЗТ Скопје Аеродром 8, Кожув 7, Гостивар 7, Тиквеш 7, МКК Куманово 7, Феникс 6, Шкупи 6, Вардар 5.