Фудбалерите на Барселона ја забележаа третата победа во Лигата на шампионите. На натпреварот од 4.коло одигран во Белград, Барселона славеше над Црвена Звезда со 5-2.

Гостите поведоа уште во 13-тата минута со голот на Мартинез. Црвено-белите преку Силас во 27-та израмнија на 1-1.

Потоа на сцена стапи Роберт Левандовски со два гола. Првиот Полјакот го постигна во 43-тата, а вториот во 53-тата минута.

Само две минути подоцна (55) Рафиња зголеми на 4-1. Тука не беше крајот на „голеадата“. Во 76.минута Фирмин Лопез зголеми на 5-1 за Барселона.

Конечните 2-5 ги постави Милсон во 84-тата минута.

За Барса ова беше трета победа, а за Црвена Звезда четврти пораз.