Тринаесеттата рунда во прволигашката фудбалска конкуренција на Македонија, го носи и дербито на есенскиот дел.

На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, ќе се сретнат двете првопласирани екипи на табелата Работнички и Шкендија. Во изминатите 12 одиграни кола овие два тима покажаа најмногу и со право се на првите две позиции. “Романтичарите“ во овој дуел влегуваат со бод повеќе, а тетовци пак ќе се обидат да му го нанесат првиот пораз на Работнички.

Трето рангираната екипа на Силекс ќе гостува во Струмица кај АП Брера, а Гостивар кој е четврти на Чаир кај Шкупи. Овие натпревари како и дуелите во Гостивар и Охрид, ќе почнат од 13 часот.

Во вечерниот термин од 19 часот, за прв пат под рефлектори во Битола, ќе се игра вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар.

ПРВА ЛИГА 13.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 13.часот
АП БРЕРА – СИЛЕКС
ШКУПИ – ГОСТИВАР
БЕСА – СТРУГА ТЛ
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 19 часот