Во Првата машка кошаркарска лига денеска ќе бидат одиграни четири натпревари од петтото коло.
Во оваа рунда кој беше отворена вчера со победата на Чаир над МЗТ Скопје, нé очекуваат неколку интересни натпревари.
Екипата на ТФТ која досега има максимален учинок, ќе се обиде да стигне до нова победа (петта) во дуелот против Шкупи. Токму со овој натпревар што ќесе игра во СЦ „Кале“ ќе биде отворена денешната програма.
На истата локација, но во малата сала, ќе следува натпреварот меѓу Вардар и Работнички во кој црвено-црните ќе имаат тепка задача да избегнат мов пораз. Вардарци досега ги загубија сите четири одиграни натпревари, а Работнички има само еден.
Кошаркарите на МКК Куманово и Гостивар се следните кои ќе излезат на теренот во сала „Перо Наков“ во Куманово. По нив ќе следува последниот дуел за денеска и тоа во Битола, каде Пелистер улогата на фаворит треба да ја оправда во дуелот со гевгелиски Кожув.
За утре (недела) е закажан и последниот натпревар од ова коло, а ќе се игра во Кавадарци.
Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
Сабота
12.30 ТФТ – ШКУПИ
14.00 ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
18.00 МКК КУМАНОВО – ГОСТИВАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ
Недела
18.00 ТИКВЕШ– ФЕНИКС
Петок
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 95-94 (82-82)
ТАБЕЛА: Чаир 9, ТФТ 8, МЗТ Скопје Аеродром 8, Работнички 7, Пелистер 7, Кожув 6, Гостивар 6, МКК Куманово 5, Тиквеш 5, Феникс 5, Шкупи 5, Вардар 4;