Во Првата машка кошаркарска лига вечерва се одиграа два натпревар од петтото коло.

Во Битола, вицепрвакот Пелистер ја оправда фаворитската улога совладувајќи го гевгелиски Кожув со 92-87.

Во првото полувреме двата тима добија по еден период, а за нијанса подобри без домаќините кои заминаа со посредност 43-37. Гевгеличани одолеваа и на стартот на второто, но по 25-тата минута Пелистер за прв пат дојде до двоцифрена предност. Влегоа со +11 во последниот период зелено-белите. Но таквата предност не беше доволна за мира последна четвртина, напротив. Кожув се врати во игра па на 2.минути до крајот и поведе (77-79). Со двете тројки на Лука Стојановски, но и грешките на гостите во нападот, Пелистер успеа да го добие мечот со конечни 92-87.

Американецот, Ентони со 21 и Стајиќ со 17 поени беа водечките стрелци во победничката екипа. Кај гостите се истакнаа Србинот, Стевановиќ со 30 поени и 10 скокови и Хрватот, Пилепиќ со 18 поени.

Новајлијата МКК Куманово ја оствари втората победа откако пред својата публика го совлада Гостивар со 71-62. Американецот, Волес со 18 и Босанецот, Радукиќ со 17 поени беа први стрелци во победничката екипа.

На претходно одиграните натпревари, екипата на ТФТ со триумфот на Шкупи го продолжи максимален учинок и сега има пет од пет. Ист скор, но негативен (порази) има екипата на Вардар која беше поразена од Работнички.

Утре во Кавраци ќе се игра последниот натпревар, а во првиот вчера шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение загуби од Чаир.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО

Сабота
ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ 92-87
МКК КУМАНОВО – ГОСТИВАР 71-62
ТФТ – ШКУПИ 82-73
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 71-79
Недела
18.00 ТИКВЕШ– ФЕНИКС
Петок
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ А. 95-94 (82-82)