Во НБА се одиграа дури девет натпревари, а повеќето од нив завршија со убедлива победа на една од екипите.

Тимовите на Кливленд и Минесота остануваат не поразени, а шампионот Бостон го забележа петтиот триумф.

До својата шеста победа во исто толку одиграни натпревари, кошаркарите на Кливленд стигнаа пред своите симпатизери. „Кавси“ во целиот натпревар против Орландо имаа огромна предност, која на крајот се „стопи„ на 120:109. За актуелно најдобар тим во лигата Дариус Гарланд постигна 25 поени, а Донован Мичел . Џејлен Сагс имаше добри бројки во тежок пораз, со осум 28 поени, осум скока и седум асистенции.

И Оклахома останува не поразена. „Тандерс“ до петтиот триумф стигна на гостувањето кај Портланд во најефикасниот натпревар.

Иако на првото полувреме беше израмнето (68-68), сепак во третиот период гостите доминираа. Ја добија четвртината 38-17, а на крајот натпреварот со 137:114. Шаи Џилиеус-Александер со 30 поени, седум скока и шест асистенции, беше прво име на натпреварот и во победничкиот тим, за кој Вилијамс додаде 22 поени.

Шампионот Бостон не им дозволи на кошаркарите и навивачите на Шарлот ниту во еден миг да се понадеваа на изненадување. „Селтикс“ ги надиграа „Стршлените“ на нивни терен со 124-109.

Во петата победа на Бостон, прво име повторно беше Џејсон Тејтјум кој заврши со дабл-дабл со 32 поени и 11 скокови.

На останатите натпревари, беа постигнати следниве резултати:
Детроит – Њујорк 98:128
Атланта – Сакраменто 115:123
Бруклин – Чикаго 120:112
Торонто – ЛА Лејкерс 125:131
Њу Орлеанс – Индијана 125:118