По еднонеделна пауза поради репрезентативни обврски, овој викенд продолжува Супер лигата кај дамите.

Во рамки на 8-то коло, на програмата е возбудлив дерби натпревар помеѓу екипите на Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Вардар. Денеска, „лавиците“ на домашен терен, во спортската сала „Христо Батанџиев”, го пречекуваат тимот на Вардар, со почеток во 19:00 часот.

Во Група А, тимот на Ѓорче Петров МРК ќе го пречека Скопје, додека Стружанка ќе се соочи со Астибо на домашен терен во Струга.

Во рамки на Група Б, утре на програмата се закажани два натпревара. Металург Автокоманда гостува кај Гевгелија , а екипата на Куманово ќе игра против Овче Поле.

Покрај натпреварот помеѓу Вардар и Ѓорче Петров, утре на програмата од групата „Б“ е и дуелот меѓу Деспина и Спартак.

Ова коло, екипите на Чаир, Пелистер и Шампион ќе бидат слободни.

Дерби дуелот Ѓорче Петров – Вардар, но и останатите натпревари, може да ги следите овде.

Ивона Кимовска