Екипата на Чаир ја забележа третата победа во домашниот шампионат откако го совлада шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Во водениот натпревар од 4.коло ба Првата лига, чаирчани по продолжение славеа над МЗТ со 95-94, откако регуларниот дел заврши 82-82.
Неизвесен и израмнет натпревар одиграа овие две екипи, а во најголемиот дел домаќините беа оние кои имаа предност. Најголемата ја имаа домаќините во третиот период кога водеа во седум разлика. Аеродромци брзо го надополнија тоа.
Во завршните 60.секунди се влезе со израмнети 77-77. Домаќините не реализираа напад, а на спротивната Бојан Крстевски на 25.секунди со својата трета тројка му донесе водство на МЗТ (77-80).
Во „пенал“ завршницата, Ролинсон реализира и Мофит реализираа слободни за Чаир, а Слај за МЗТ (81-82). Сепак, Американецот на МЗТ не изведе на време од под кошот, па чаирчани го имаа последниот напад. По офанзивниот скок Какруки доби две слободни фрлања, а реализира едно па резултатот беше израмнет 82-82. Во следниот напад
И во дополнителните пет минути иста слика. Аеродромци во последните 21.секунда влегоа со поен предност (93-94). Чаирчани преку Мофид го презедоа водството на 9.секунди до крај (94-93). Во последниот напад за победа Слај не успеа да погоди, па домаќините заслужено се радуваа на победата.
Американското трио на домаќините Мофоит (31), Ролис (24) и Кели (19) заедно искомбинира 74 поени. Прв стрелец во редовите на МЗТ беше Бојан Крстевски со 21 поен.
За МЗТ Скопје ова беше втор пораз во четвртиот одигран натпревар.
Останатите четири натпревари од ова коло ќе се играат во текот на викендот.