Шампионот Бостон во петтиот свој натпревар од новата сезона на НБА лигата, прв пат беше совладан и тоа по продолжение.

„Селтикси“ во супер интересен и неизвесен натпревар загубија на гостувањето кај Индија со 135-132.

Домашниот состав во најголемиот дел од натпреварот имаше предност која најмногу изнесуваше и 24 разлика. Водеа „Пејсерси“ и 21 разлика во последниот период, но во финишот Бостон одигра шампионски. Предводени од Џејсон Тејтјум кој погоди три тројки, „Селтикс“ се изборија за израмнување и продолжение.

Сепак во дополнителните 5 минути немаа доволно сили за комплетен пресврт. Паскал Сиакам беше јунакот на Индијана, погодувајќи ја клучната тројка, а вкупно шест на натпреварот, на шест секунди до крајот за 135-132.

Обидот на Џејлен Браун за израмнување на спротивната страна беше не успешен, па домаќините можеа да слават.

Сиакам на 29-те поени додаде 11 скокови, а за нијанса подобар од него беше Матурин која заврши со 30 поени и 11 скока.

Бадијала остана брилијантната партија на Тејтјум кој натпреварот го заврши со 37 поени, 8 скока и 4 асистенции.

За Индијана ова беше само втората победа сезонава, со која ја прекинаа низата на три порази.