Нов убедлив пораз на ракометарите на Вардар на гостински терен во рамките на групата од Лига Европа. На второто гостување „црвено-црните“ загубија од Порто со 37:24 (17:10). Со вториот пораз од португалскиот претставник ракометарите на Вардар ги загубија шансите за второто место во групата, особено што Порто славеше победа и во Скопје.

Вардар единственото водство го имаше на почетокот на дуелот – 1:0, а домашниот тим постепено ја зголемуваше предноста која во 15.минута беше +4 (10:6). Во финишот на првиот Порто ја „дуплираше“ предноста + 8 (17:9).

На стартот од вториот дел се предноста на Порто се движеше меѓу 8-9 голови разлика. Со серија од 4-0 ракометарите на Порто стигнаа и до +12 (27:15) кон средина на вториот дел. Потоа следуваше најдобриот период за Вардар кога со серија од 5-1 намали на 28:20. Тоа како да ги налути домашните кои во последните минути од дуелот стигнаа и до +13 (35:22) по уште една серија од 4-0.

Педро Веита Валдеш со 9 голови беше најефикасен на дуелот, додека кај Вардар Марко Срдановиќ постигна 6. Голманот на Порто Диого Рема натпреварот го заврши со 17 одбрани.

На вториот дуел од групата лидерот Мелсунген го совлада Валур на гости со 33:28.

Мелсунген е прв на табелата со 8 бодови, Порто има 5, Вардар 2, а Валур 1.

Следниот натпревар Вардар го игра на гости кај Валур на Исланд на 19.ноември.