Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја оствари третата победа во домашниот шампионат. Во натпревар од 4.коло на Првата лига одигран во „Јане Сандански“, МЗТ го совлада новајлијата МКК Куманово со 78-71 .
Аеродромци отворија со 7-0. Имаа и убедливи 13-4 , но првиот период го добија гостите со 19-20. Кумановци одлеваат и во вториот период, но тој му припадна на домаќинот, па МЗТ замина на одмор со четири предност 50-36.
Во вториот дел МЗТ полека го кршеше отпорот на гостите. Имаа аеродромци и 14 предност, а на крајот славеа победа со конечни 77-71 .
Покрај овој натпревар, денеска на програмата се уште три кои се во тек, а утре ќе се играат преостанатите два дуели од оваа рунда.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 78-71
18:00 ШКУПИ – ВАРДАР
18:00 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
18:00 КОЖУВ – ТИКВЕШ
Недела
18:00 РАБОТНИЧКИ – ЧАИР
18:00 ФЕНИКС – ТФТ