Женската репрезентација на Македонија по претрпе вториот пораз на турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.
Откако вчера загубија од домаќинот Романија, денеска нашите ракометарки се поразени од Словачка со 27-29 .
Рамноправен натпревар одиграа двете селекции. Во првиот дел македонските ракометарки беа подобри. Во неколку наврати имаа и три гола предност, а на одмор заминаа со два разлика 17-15.
До 36-тата минута црвено-жолтите ја одржуваа предноста (20-18), повшто следуваше серија на противникот од четири гола и водство од 20-22. Имаа и два гола предност словачките ракометарки, но нашите вп 50.минута успеаја да ја анулират и да израмнат на 25-25.
Сепак, немаа сили избраничките на Грчевски за комплетен пресврт па на крајот Словачка победи со 29-27 .
Настапот на турнирот кој е дел од подготовките за Европскиот шампионат следниот месец, ќе биде заокружен утре (недела 11.30 ч.) со дуелот против Швајцарија.
Македонските ракометарки на ЕП ќе настапат во групата „А“ во Дебрецен. Во неа за противници ќе ги имаа Шведска, Турција и ко-домаќинот Унгарија редоследно.