Успешен ден имаа домашните екипи кога во прашање се натпреварите од 4.коло во Првата машка кошаркарска лига. По МЗТ Скопје победи пред своите симпатизери забележаа и Гостивар, Кожув и Шкупи.
Екипата на Пелистер го претрпе првиот пораз во домашниот кошаркарски шампионат, откако загуби од Гостивар со 77-66. Триумфот гостиварци го најавија во првото полувреме кое го добија со +9. Во второто имаа и 20 поени предност за на крајот да слават со 11. Бадијала постанаа 26-те поени на Едвардс за Пелистер кога неговиот тим го претрпе првиот пораз.
По речиси исто сценарио се одвиваше и дуелот во Гевгелија, каде Кожув го надигра Тиквеш со 85-64. Американецот, Вилсон со 24 поени и 7 асистенции беше прво име во екипата на победникот, кој го оствари вториот триумф.
А, до првата прволигашка победа и тоа убедлива стигнаа и кошаркарите на Чаир кои го надиграа Вардар со 89-68. Американецот, Вилијамс со дабл-дабл со 19 поени и 12 скокови беше најдобриот играч на победникот.
Претходно МЗТ Скопје славеше во дуелот со МКК Куманово, а за утре закажани се останатите два натпревари.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ А. – КУМАНОВО 78-68
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 77-66
КОЖУВ – ТИКВЕШ 85-64
ШКУПИ – ВАРДАР 89-68
Недела
18:00 РАБОТНИЧКИ – ЧАИР
18:00 ФЕНИКС – ТФТ