Кошаркарите на Работнички го претрпеа и третиот пораз во регионалната второлигашка АБА лига.
Во натпреварот од 2.коло на „Б“ групата, одигра вечерва во „Кале“, Работнички загуби убедливо од Босна со 74-99.
Уште по првото полувреме беше јасно дека центарци нема што да бараат во овој натпревар. Тимот од Сараево континуирано ја имаше контролата над играта и резултатот, па на одмор замина со огромни +22 (54-32). Второто полувреме кошаркарите на Босна само рутински го одработија и ја потврдија својата втора победа.
Бадијала останаа 27 поени и 9 скокови на Босанецот, Полутак за Работнички бидејќи црвените го претрпеа третиот пораз.
И во следното 4.коло овие два тима ќе играат меѓусебно, во натпреварот во Сараево закажан за 5 ноември.