Во фудбалската Лига на шампиони денеска ќе се играат нови девет натпревари од третото коло.

Дербито на денот ќе се игра на олимпискиот стадион „Монжуик“ во Барселона каде ќе гостува минхенски Баерн.

Македонските претставници во ова натпреварување ќе имаат тешки задачи.

Ељиф Елмас со германскиот Лајпциг го пречекува Ливерпул, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе му гостуваат на Салцбург.

Овие три натпревари како и уште четири други ќе се играат во вечерниот термин од 21 часот.

Претходно (18.45 часот) Аталанта го пречекува Селтик, а Брест е домаќин на германскиот првак Баер Леверкузен.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3.КОЛО (среда)

18:45 Аталанта – Селтик
18:45 Брест – Баер Леверкузен
21:00 Лајпциг – Ливерпул Елмас
21:00 Салцбург – Динамо Загрев Ристовски и Адеми
21:00 Барселона – Баерн Минхен
21:00 Атлетико Мадрид – Лил
21:00 Бенфика – Феенорд
21:00 Манчестер Сити – Спарта Прага
21:00 Јанг Бојс – Интер