Во првите два натпревари од 3.коло на Лигата на шампионите, домашните екипи се радуваа на победи.

Во Монте Карло, фудбалерите на Монако ја декласира белградска Црвена Звезда со 5-1. Домаќините поведоа со голот на Минимално во 20-тата минута. Само седум минути подоцна, гостите од Белград израмнија од пенал преку Ндијаје. Бова предност на францускиот тим му донесе Емболото со погодокот во судиското дополнение (45+5). Во второто полувреме (54), Синго беше стрелец на третиот гол за Монако. Јапонецот, Минимално со својот втор гол во 70.минута зголеми на 4-1. Конечните 5-1- за француската екипа ги постави Аклиуче во судиското дополнение.

На „Сан Сиро“ во Милано, фудбалерите на Милан славеа во дуелот со Клуб Бриж со 3-1. Кристијан Пулишиќ во 34-тата минута погоди за 1-0. Гостите од Белгија во првиот дел останаа со играч помалку откако Ониедека заработи директен црвен картон. но тоа не им пречеше да стигнат до израмнување. Тоа се случи само по шест минути игра во вториот дел (51) која Киријани Сабе израмни на 1-1. Пота на сцена стапи Холанѓанецот, Тијани Рајндерс кој со два гола (61 и 71.минута) ја врати предноста за „миланезите“ за 2-1, што беше и конечен резултат.
За Милан ова беше првата победа, откако претходно загуби од Ливерпул и Баер Леверкузен.

Вечерва ќе се играат уште седум натпревари, а дербито е во Мадрид каде во реприза на последното финале ќе играат Реал и Борусија Дортмунд.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3.КОЛО

Милан – Клуб Бриж 3-1
Монако – Црвена Звезда 5-1
Џирона – Слован Братислава
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд
Јувентус – Штутгарт
Арсенал – Шахтјор
Астон Вила – Болоња
ПСЖ – ПСВ
Штурм Грац – Спортинг Лисабон