Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го игра четвртиот натпревар во Лигата на шампионите. Во Битола гостува португалскиот Спортинг од Лисабон. 

Ова е дуел од групата А во која португалскиот тим заедно со Динамо Букурешт се екипите кои досега остварија по три победи. 

Дека тоа не е случајност потврдува и тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски. 

„Екипата на Спортинг во Лига на шампиони импресионира. Тоа е екипа со одлична игра тимска игра, значи не е силата нивна само во браќата Коста.
Играта еден одличен ракомет и неслучајно имаат три победи по три натпревари.
Не случајно така лесно можам да кажам го демолираа Веспрем.

Но ова е нова нов натпревар, играме пред домашна публика и мислам дека таа ја публика знае да препознае квалитет и дека заедно со наша добра игра ќе ни помогне добро да се претставиме во едно одлично светло и да извојуваме победат со еден мошне тежок и мошне разигран противник“, вели Ангеловски. 

Пелистерци досега се немаат израдувано на бод, а камо ли победа, па ќе биде тешко тоа да го сторат и вечерва. Желбата секако постои, но дали тоа ќе биде доволно ќе видиме вечерва.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Спортинг што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне од 20.45 часот.