Кошаркарите на Пелистер победнички ја почнаа новата во Првата лига. Битолчани на гости во Кавадарци го надиграа Тиквеш (доскорешен Еуро Никел) со 96-84.
Навидум разликата не е голема, но зелено-белите во еден период од натпреварот имаа и убедливи 22 поени разлика.
Рамноправни беа кавадарчани само во првата четвртина која Пелистер ја доби со два поени разлика 23:21. На полувремето веќе разликата беше двоцифрена (49:37).
Уште подобар почеток имаа „пелистерци“ во второто полувреме. Во 27.минута гостите стигнаа до најголемите 75:53. Последниот дел беше чиста формалност па Пелистер рутински ја потврди победата/
Пелистер во следното коло пред своите симпатизери во Битола го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.