Манчестер Јунајтед извлече бод против Порто. Со резултат од 3:3 „црвените ѓаволи” му купија време на тренерот Ерик Тен Хаг кој има броени денови на клупата на Јунајтед.
„Црвените” брзо поведоа со 2:0. Најпрво Рашфорд во 7-та минута стрелаше, а потоа Хојлунд удвои на 2:0 во 20-та минута. До крајот на првиот дел Порто израмни на 2:2. Пепе постигнал гол во 27.минута за 2:1, а потоа на 2:2 израмни Саму Агехова.
Токму Агехова зголеми на 3:2 на почетокот на вториот дел во 50-та минута. Бруно Фернандеш заработи црвен картон 81-та минута. Хари Мегвајер ги донесе конечните 3:3 во 91-та минута.
Ова е второ реми на Јунајтед во Лига Европа. Со 2 бода се наоѓаат на 21.та позиција, а Порто на 24.та позиција со 1 освоен бод.
УЕФА Лига Европа – 2.коло
Атлетик Билбао – АЗ Алкмар 2:0
Бешикташ – Ајнтрахт Франкфурт 1:3
Елфсборг – Рома 1:0
ПАОК – ФЦСБ 0:1
Порто – Манчестер Јунајтед 3:3
Г.Ренџерс – Лион 1:4
Ројал Унион СГ – Бодо/Глимт 0:0
Твенте – Фенербахче 1:1
Викторија Плзен – Лудогорец 0:0