Македонскиот одбојкарски шампион Струмица го комплетира ростерот со кој ќе се обиде да биде уште поконкурентен на европската сцена.
Струмичани ќе бидат уште посилни за браќата Ѓорѓиеви и Љафтов кои ќе го надополнат безмалку целиот репрезентативен тим. Покрај искусниот староседелец Милев и Маџунков кој летово се приклучи на струмичани сега ударно трио на Македонија е дел од шампионот.
Искуството на Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиеви заедно со Александар Љафтов ќе биде непроценливо во претстојните дуели на европската сцена
Откако струмичани беа елиминирани од квалификациите во Лигата на шампионите сега ќе играат во ЦЕВ Купот.
Веќе во вторник на 8 октомври, Струмица ќе го игра првиот меч против, стариот познаник, унгарската екипа Капошвар во рамките на 1.коло (1/32 финале).
Првиот меч ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица, а реваншот во Унгарија е седум дена подоцна (15 октомври).