Осум нови натпревари ќе бидат одиграни денеска со кои ќе биде комплетирано 2.коло во Лигата на шампионите.

Четворицата македонски претставници во елитното натпреварување, со своите екипи ќе играат на домашен терен, а ќе имаат тешки задачи.

Прва на сцената ќе излезе шпанската екипа Џирона. Бојан Миовски го очекува своето деби во Лигата на шампионите, а дали штипјанецот ќе добие шанса во дуелот со Феенорд останува да видиме.

Ељиф Елмас со својот Лајпциг ќе го игра дербито на денот, во кое во Германија гостува Јувентус. Македонскиот репрезентативец го пропушти последниот натпревар во Бундес лигата поради повреда, а на претходниот остана на клупа.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот Динамо го пречекуваат францускиот Монако. По дебаклот во Минхен и поразот од 2-9 кај Баерн, популарните „модри“ ги чека нов тежок испит. Тимот на Монако во последните 10 натпревари не знае за пораз, а на девет од нив славеше победи.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО (СРЕДА)

18:45 Џирона – Феенорд
18:45 Шахтјор – Аталанта
21:00 РБ Лајпциг – Јувентус
21:00 Динамо Загреб – Монако
21:00 Лил – Реал Мадрид
21:00 Астон Вила – Баерн Минхен
21:00 Бенфика – Атлетико Мадрид
21:00 Ливерпул – Болоња
21:00 Штурм Грац – Клуб Бриж