Се одиграа првите два натпревари од 2.коло на фудбалската Лига на шампиони.
Супер интересен дуел одиграа германскиот Штутгарт и чешката Спарта Прага. Дуелот заврши со два гола, по еден на обете страни, а можеше да ги има многу повеќе.
Се започна фантастично за домашниот тим кој поведе во 7.минута со голот на Милито. Гостите од Прага стигнаа до израмнување во 32.минута со погодокот на Финецот, Каан Кајринен. Во вториот дел се играше офанзивно, повеќе на половината на гостинскиот тим, но резултатот остана 1-1.
Затоа пак францускиот Брест го „демолира„ составот на Салцбург и тоа на гостински терен со 4-0. Два гола постигна Сима, а во листата на стрелци се запишаа и Камара и Матијас Переира.
Вечерва на програмата се уште шест натпревари од 2.коло. Дерби дуели ќе се играат во Лондон и Леверкузен.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО (ВТОРНИК)
18:45 Салцбург – Брест 0-4
18:45 Штутгарт – Спарта Прага 1-1
21:00 Арсенал – ПСЖ
21:00 Баер Леверкузен – Милан
21:00 Интер – Црвена Звезда
21:00 Барселона – Јанг Бојс
21:00 Слован Братислава – Манчестер Сити
21:00 Борусија Дортмунд – Селтик
21:00 ПСВ – Спортинг Лисабон