Кошаркарите на Пелистер попладнево го започнуваат четвртиот свој настап во регионалната АБА2 лига. Со видно изменет составо во однос на ланскиот и нов тренер, амбициите на битолчани се висок пласман.
Како што најави тренерот Александар Петровиќ, прва цел ќе биде пласман во разигрувањето. Задачата нема да биде нималку лесна бодејчи конкуренцијата е силна.
Пелистер ќе игра во групата „Ц“ во која за противници ги има црногорската екипа Подгорица, тимот на Широки Бријег и екипата на Џокер од Србија.
Зелено-белите ќе почнат со дуелот против босанскиот тим Широки Бријег и тоа пред своите навивачи. Широки е искусна екипа, но пред нашите гледачи имаме свои шанси за победа, нагласуваат се во таборот на македонскиот вицепрвак.
Натпреварот меѓу Пелистер и Широки што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне од 18 часот.
Ова е натпревар од 1.коло, во кое своите обврски ги одработена МЗТ Скопје и Работнички кои имаа половичен учинок.