Со нов формат денеска заполнува лигашката фаза во УЕФА Лигата на Европа. Вкупно 36 екипи во единствената лига ќе одиграат по осум натпревари со разлилни протоивници (по 4 домаа и на гости).

Логашкиот дел ќе се игра до 30 јануари 2025 година, за кога се предвидени дуелите од последното осмо коло.

Најдобрите осум директно ќе обезбедат пласман во осминафиналето. Оние од 9 до 24-тото место ќе се натпреваруваат во плеј-офот за нокаут рундата.

И во оваа конкуренција ќе има супер интересни дуели на европските гиганти кои не изборија пласман во Лигата на шампионите.

Така во првата рунда најголемо внимание се очекува да привлечат дуелите во Истанбул и Рим. Вечерва во турско-грчката пресметка ќе играат Галатасарај и ПАОК, а утре на „Олимпико“ Рома ќе го пречека Атлетик Билбао.

ЛИГА ЕВРОПА – 1.КОЛО

Петок
18:45 АЗ Алкмар – Елфсборг
18:45 Бодо/Глимт – Порто
21:00 Андерлехт – Ференцварош
21:00 Динамо Киев – Лацио
21:00 Галатасарај – ПАОК
21:00 Лудогорец – Славија Прага
21:00 Манчестер Јунајтед – Твенте
21:00 Митјиланд – Хофенхајм
Четврток
18:45 Фенербахче – Ројал Унион СГ
18:45 Малме – Глазгов Ренџерс
21:00 Ајакс – Бешикташ
21:00 Рома – Атлетик Билбао
21:00 Брага – Макаби Т.А.
21:00 Ајнтрахт – Викторија Плзен
21:00 ФЦСБ – РФС
21:00 Олимпик Лион – Олимпијакос
21:00 Тотенхем – Карабаг