Одбојкарите Струмица се елиминирани од европската ЦЕВ Лига на шампиони. Ова откако струмичани и втор пат загубија од Олимпијакос во првата квалификациска рунда.
Откако грчкиот првак го доби првиот меч во Струмица со 3:0 и во вториот, во Атина, славеше со ист резултат.
Дека во моментот Олимпијакос е далеку подобар трим од македонскиот шампион се потврди и во овој меч. Грчкиот тим по сетови мечот го доби со 25-19, 25-27 и 25-21.
Одбојкарите на Струмица секако ќе продолжат да настапуваат и тоа во ЦЕВ Купот.
Најверојатно нивни противник во следната рунда ќе биде екипата на Капошвар.